Лампард објасни зашто го пријави пензионерот Чех за Премиер лигата

twitter?Chelsea FC

Вчера Челси ја шокира фудбалската јавност со објавата дека во продолжението од Премиер лигата го пријави актуелниот клупски функционер Петр Чех, кој кариерата ја заврши пред две години.

Покрај тројцата голмани, Менди, Кепа и Кабаљеро, менаџерот Френк Лампард одлучи да регистрира и четврти голман и тоа клупската легенда Петр Чех, кој сега е советник за спортски и технички прашања во Челси.
Денеска Лампард објасни зашто го стори тоа.

Дефинитивно тоа не го направивме бидејќи е романтично. Имавме едно место слободно на списокот за лиценцирање на играчи, а гледаме дека сезонава е поинаква од сите други поради состојбата со коронавирусот и со изолациите. Доколку западнеме во криза, тешко дека ќе може да најдеме подобро решение од ова. Петр е релативно млад и можеше да брани уште неколку години но тој одлучи да ја заврши кариерата. Тренира редовно и се наоѓа во добра форма. Не знам дали ќе го видиме на терените, но Петр тренира секој ден и може да им биде од голема помош на нашите голмани бидејќи тренираат со еден од најдобрите во историјата – изјави Лампард кој донесе и конечна одлука кој голман ќе биде прв избор во продолжението од сезоната.
Менди е прв голман. Начинот на кој брани е многу добар и задоволен сум од него. Зад себе има два натпревари без примен гол и како што стојат работите, тој ќе биде прв голман. Бевме свесни дека имаме проблем на голманската позиција уште од минатата сезона и мора да бидеме искрени и отворени по ова прашање. Менди дојде за да бидеме уште подобри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот