Лампард на чекор од враќање во Челзи?
После заминувањето на Маурицио Сари кој се промовираше како нов тренер на Јувентус, лондонските „сини“ го гледаат Лампард како идеална замена за италијанскиот стратег.
Сега на тој пат има и една пречка помалку, откако Дерби каунти, клубот кој до сега го водеше Лампард, му даде дозвола на Челзи да започне со преговори со англиската легенда.
BBC Sport – Frank Lampard: Chelsea given permission to hold talks with Derby manager https://t.co/5HQJuizbxo
— (((Margaret))) (@Freckles1971) June 25, 2019
Тренерската кариера ја започна токму во Дерби минатата година и во првата сезона го одведе клубот до финалето од плејофот за влез во Премиер лигата, во кој победник беше Астон Вила.
Лампард како професионален фудбалер за Челзи настапуваше од 2001 до 2014 година со учинок од 429 натпревари и 147 голови.
На „Стемфорд Бриџ“ се прослави со три премиерлигашки титули, четири трофеи во ФА Купот, по два во Лига купот и ФА Комјунити Шолд, а по еднаш ги освои ЛШ и Лига Европа.