Лампард ќе биде новиот менаџер на Евертон

Френк Лампард две и пол години на клупата на „карамелите“/Фото: EPA-EFE/Peter Powell

Како што пренесува „Би-Би-Си“, поранешниот англиски репрезентативец го финализираше неговиот договор на две и пол години да го води Евертон од клупата.

Денеска беа завршените сите детели околу договорот, 43-годишниот Френк Лампард доаѓа како замена за Рафаел Бенитез кој го напушти клубот со само една победа во 13 натпревари.

Во својата тренерска кариера 43-годишниот Лампард ги водеше Дерби каунти и Челси, но без значителни успеси, беше само финалист во ФА купот со лондонските „сини“.

Истиот извор информира дека Евертон оваа зима има намера пред да заврши преодниот рок да го доведе Дони ван де Бек на позајмица (до крајот на сезоната) од редовите на Манчестер јунајтед.

Евертон оваа сезона има амбиции да обезбеди опстанок во Премиер лигата, засега е во безбедната зона на 16 позиција со 19 бодови, но во лоша серија на резултати, со четири порази и едно реми на последните пет средби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот