Лампард ќе добие „подарок“ од Реал Мадрид вреден 55 милиони евра!?

фото: твитер

На Челзи неодамна му беше укината забраната за ангажман на нови фудбалери и лондонскиот клуб од овој преоден рок може да биде активен на трансфер пазарот.

Се најавува големо засилување за „сините“, прво поголемо од Мадрид. Според „Дејли Експрес“, менаџерот на Челзи, Френк Лампард за добрата досегашна работа ќе биде „награден“.

Челзи подготви понуда од 55 милиони евра за Иско кој често се поврзува со заминување од „кралскиот“ клуб, но никако да ги напушти редовите на Зидан.

Останува во наредниот период да се види дали овој трансфер ќе биде реализиран, шпанскиот фудбалер сезонава одигра 16 натпревари со еден постигнат гол и тоа во Суперкупот против Валенсија.

Не е тајна дека Лампард сака да донесе конкуренција во нападот каде што моментно се Абрахам, Батшуаји, а Жиру оваа зима многу често се поврзува со трансфер во милански Интер.

Да додадеме уште дека Рос Баркли би можел да го напушти Челзи, а според британските медиуми се очекува кариерата да ја продолжи во екипата на Вест Хем.

Баркли би бил позајмен со цел да добие редовна минутажа и евентуална шанса да се најде во составот на Англија за настап на Европското првенство 2020.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот