Лампард го отпиша Кепа, замената доаѓа од Италија

EPA-EFE/FILIPPO VENEZIA

Менаџерот на Челси, Френк Лампард, нема дилеми, и порача на управата дека сака нов голман и неговиот избор е Џанлуиџи Донарума.

Италијанскиот репрезентативец не сака да остане во Милан, не верува во проектот на „Сан Сиро“ и веќе одби да седне на маса да преговара за нов договор.

Актуелниот му истекува идното лето и неговиот агент, контроверзниот Мино Рајола, се погласно зборува дека Џиџи Донарума по завршување на договорот ќе го напушти Милан.

„Росоњерите“ од друга страна на лето ќе имаат последна шанса да заработат од неговата продажба иако сумата нема да биде очекуваната поради пандемијата со коронавирусот која им задава огромни финансиски проблеми на речиси сите екипи.

Милан за да се откаже од одличниот голман бара дури 60 милиоини евра, но нема екипа која би ја платила оваа сума кога на играчот договорот му истекува наредната година. Челси е подготвен да плати највеќе 40 милиони евра и планира понудата да биде земи или остави.

twitter/Transfer News

Ангажманот на Донарума ќе значи дека најскапиот светски голман Кепа ја завршува својата одисеја на „Стемфорд бриџ“. Честите киксеви на почетокот од сезоната го натераа Лампард да го седне Кепа на клупата за резервни играчи и да му дозволи да си оди ова лкето иако Челси за него плати рекордни 80 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот