Лампард е разочаран од голманот кој е платен 80 милиони евра

twitter/Chelsea FC

Навивачите на Челси се незадоволни од игрите на Кепа, а менаџерот Френк Лампард веќе размислува за друго решение

Екипата на Челси вчера не успеа да го победи Арсенал кој пак играше со играч помалку, два пати водеше но „топчиите“ успеваа да израмнат и да дојдат до голем бод (2:2).

Како главен виновник за киксот на Челси е означен голманот Кепа, кој на 24 настапи сезонава прими дури 32 гола во сите натпреварувања и само пет пати ја зачува сопствената мрежа.

twitter/Transfer News

Овие бројки се малку за најскапиот светски голман кој беше платен дури 80 милиони евра и се чини дека со последните киксеви, Шпанецот ја загуби довербата кај менаџерот Френк Лампард кој сериозно размислува на лето да купи нов голман.

Засега главен фаворит од идната сезона да го брани голот на Челси е голманот на Барнли, Ник Поуп.

Новопечениот англиски репрезентативец е проценет на 12 милиони евра но за очекување е Челси да плати најмалку 40-тина милиони евра доколку сака да дојде до неговите услуги, што е двојно помалку од сумата која е издвоена за ангажман на Кепа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот