20 C
Скопје

Лампард денеска добива отказ, негов наследник ќе биде Тухел?!

Британски „Телеграф“ тврди дека Френк Лампард денеска и официјално ќе добие отказ во Челси по лошите игри сезонава.

Челси вчера со 3:1 го совлада Лутон во ФА купот, но ниту таа победа не донесе привремен мир на „Стемфорд бриџ“.

„Сините“ играат лошо во Премиер лигата, моментно се на деветтата позиција на табелата, а во последните пет натпревари успеаја да го победат само Фулам, одиграа нерешено со Астон Вила и загубија од Лестер, Манчестер сити и Арсенал.

Сопственикот на Челси, Роман Абрамович го загуби трпението со Лампард, и според „Телеграф“ од клубот им порачале на играчите да не доѓаат на тренинг денеска, што е најава за отказ на менаџерот.
Според дел од медиумите, наследник на Лампард на клупата на Челси ќе биде довчерашниот тренер на ПСЖ, Томас Тухел.

Поврзани вести

Проблеми во рајот: Сопругите и девојките на играчите на Челси внесуваат немир во тимот

Слободен печат

Американците ја одбија понудата на газдата на Спотифај да го купи Арсенал

Слободен печат

ВИДЕО: Коби Брајант постхумно примен во Куќата на славните, емотивен говор на сопругата Ванеса

Слободен печат

Зидан донесе конечна одлука, Перез го сака Италијанецот наместо клупската легенда

Слободен печат

ВИДЕО: Оливеира го нокаутира Чендлер и ја наследи титулата на Хабиб во УФЦ

Слободен печат

ВИДЕО: Леброн се врати по повредата, Лејкерси одат кон плеј-оф дуел со Денвер

Слободен печат

Остави Коментар