Ламин Јамал е најмладиот стрелец во историјата на европските првенства

Ламин Јамал/фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Фудбалската репрезентација на Шпанија обезбеди пласман во финалето на Европското првенство откако со 2:0 триумфираше над Франција.

Еден од стрелците во победата на шпанската селекција беше Ламин Јамал кој стана најмладиот стрелец во историјата на европските првенства со 16 години и 362 дена.

Јамал го урна рекордот на Швајцарецот Јохан Вонлантен, кој имаше 18 години и 141 ден кога израмни против Франција на Еуро 2004.

На оваа листа е и турскиот репрезентативец Арда Ѓулер, кој се наоѓа на шестата позиција откако постигна гол против Грузија на првиот натпревар на ЕП 2024.

Ѓулер, 19-годишниот играч, стана најмладиот дебитант на европските првенства кој успеал да ја затресе противничката мрежа, соборувајќи го претходниот рекорд на Португалецот Кристијано Роналдо.

Топ 10 најмлади стрелци во историјата на ЕУРО

Ламин Јамал 16 години 362 дена (Шпанија против Франција, 07/09/2024)
Јохан Вонлантен 18 години 141 ден (Швајцарија 1-3 Франција, 21/06/2004)

Вејн Руни 18 години 237 дена (Англија 3-0 Швајцарија, 17/06/2004)
Ренато Санчес 18 години и 317 дена (Полска 1-1 Португалија, 3-5 п., 30.06.2016)

Драган Стојковиќ 19 дена 108 дена (Франција 3-2 Југославија, 19/06/1984)
Арда Ѓулер 19 години 114 дена (Турција 3-1 Грузија, 18/06/2024)

Кристијано Роналдо 19 години 128 дена (Португалија 1-2 Грција, 12/06/2004)
Ференц Бене 19 години 183 дена (Шпанија 2-1 Унгарија, 17/06/1964)

Кристијан Киву 19 години 238 дена (Англија 2-3 Романија, 20/06/2000)
Патрик Клајверт 19 години 353 дена (Холандија 1-4 Англија, 18/06/1996)

ВИДЕО | Jaмал блесна со еврогол, Шпанија ја победи Франција и обезбеди финале на ЕП

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот