Ламбе Алабаковски доби условна казна за обидот да го запали бугарскиот културен центар во Битола

Фото: Фејсбук/принтскрин

Пејачот Ламбе Алабаковски е осуден на условна казна затвор од шест месеци за потпалувањето на културниот центар „Иван Михајлов” во Битола на 4 јуни годинава. Пресудата е изречена минатата недела, а од денеска стана правосилна.

Адвокатот на Алабаковски, Дарко Стефановски, за Радио Слободна Европа потврди дека казната нема да се реализира доколку во следните две години, неговиот клиент не стори ново кривично дело.

На Алабаковски, кој призна вина за делото, му се вратени две патни исправи и му се укинати мерките за обезбедување.

По инцидентот, на пејачот му беше изречена мерка притвор од осум дена, потоа беше пуштен во домашен притвор, а подоцна му беше овозможено да се брани од слобода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот