Лајпциг најде замена за Вернер за 18 милиони евра

EPA-EFE/PETER POWELL .

Потрагата на германскиот тим по замена за Тимо Вернер не траеше долго.

Германскиот репрезентативец потпиша за Челси, а Лапциг експресно успеа да најде замена за него. Иако се шпекулираше дека играчот на Вердер, Милот Рашица ќе биде наследникот на Вернер, Лајпциг замената ја најде во сестринскиот клуб од Австрија, Салцбург.

Според германски Скај, репрезентативецот на Јужна Кореја, Хи-Чан Хванг (24) веќе потпишал договор со германскиот тим, а официјалната презентација се очекува да биде во наредните часови.

Според Скај, сумата која Лајпциг му ја плати на Салцбург изнесува 15 милиони евра, а со разните бонуси можат да донесат дополнителни три милиони евра во касата на австрискиот тим.

Хванг сезоната има постигнато 16 гола и има дури 21 асистенција, а посебно импресивна статистика има во групаната фаза од Лигата на шампионите каде на шест натпревари постигна три гола и имаше пет асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот