Лајпциг на неутрален терен ќе го пречека Ливерпул во Лигата на шампионите

epa08976182 (L-R) Willi Orban, Marcel Halstenberg and Justin Kluivert of RB Leipzig celebrate after the German Bundesliga soccer match between RB Leipzig and Bayer 04 Leverkusen at Red Bull Arena in Leipzig, Germany, 30 January 2021. EPA-EFE/MAJA HITIJ / POOL DFL regulations prohibit any use of photographs as image sequences and/or quasi-video.

Првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите помеѓу Лајпциг и Ливерпул ќе се игра на неутрален терен, во Будимпешта.

Германските власти неодамна го одбија барањето на Лајпциг да му се издаде посебна дозвола на Ливерпул за да може да допатува во Германија и натпреварот да се игра на Ред Бул Арената.
Германските власти поради појавата на новиот британски сој на коронавирус ги заостри мерките и поради тоа на патниците од Велика Британија им е забранет влезот во земјата.

Поради тоа, германскиот тим одлучи првиот осминафинален натпревар на кој тие се домаќини, да го играат на „Ференц Пушкаш“ стадионот во Будимпешта.
Првиот осминафинален натпревар ќе се игра на 16. февруари, додека реваншот во Англија е закажан за 10. март.

Видео на денот