Лајпциг го има Ред Бул, но Локомотива има душа, продадени 126.000 влезници за „невидлив натпревар“

Германскиот нисколигаш Локомотива Лајпциг продаде повеќе од 126.000 влезници по цена од едно евро за виртуелниот натпревар против „невидлив противник“.

Натпреварот е организиран за да се соберат средства за надоместување на загубите поради паузата во германските лиги предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Виртуелниот натпревар ќе се одигра на 8. мај, а клубот дотогаш ќе продолжи да прима донации иако досега се собрани потребните 120.000 евра.

Локомотива билетите ги продаваше по цена од едно евро за да го собори рекордот од 1987 година кога на натпреварот од Купот на куп победниците против францускиот Бордо на Централниот стадион присуствуваа дури 120.000 навивачи.

Кога ја започнавме кампањата на 19. март никој не можеше да сонува дека толку брзо ќе ја надминеме границата од 120.000 билети. Во името на клубот сакам да им се заблагодарам на сите навивачи кои ни помогнаа. Прекрасно е да се види дека семејството се држи заедно и во овие тешки моменти – изјави Томас Леве, претседателот на Локомотива.

Интересно е што Локомотива пред неколку години ја одби понудата на Ред Бул да го купи клубот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот