ЛАJM: ДУИ му спрема атентат на Ел Чека ?

Шеќерим Ахмеди, познат како Ел Чека, во правосудните органи на САД пријавил дека против него се подготвувал атентат, велат извори на весникот Лајм. Според овој извор, нарачател на атентатот е висок функционер на ДУИ, кој минатиот месец два до три дена престојувал во Чикаго, каде што живее Ел Чека.

– Информациите се уште официјално не се потврдени. Изворот вели дека Ел Чека се сомнева дека засегнатиот функционер на ДУИ им дал или им ветил пари на некои Албанци кои живеат во САД, а кои претходно соработувале со Југословенската УДБА, а сега со тајната служба на Србија и на Македонија, за да извршат атентат врз Ел Чека. Прочитајте го последниот негов статус на Фејсбук и ќе разберете за што се работи. Мислам дека овој функционер е многу близок до Али Ахмети, изјави изворот за весникот Лајм, кој сака да остане анонимен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот