Љајиќ за чудната бонбониера: Не ни е познато дека постои, ниту пак инспекцијата ја евидентирала

Фото: Миа

Министерот за трговија на Србија, Расим Љајиќ вели дека не е запознат со случајот дека во продавниците во Србија постојат бонбониери кои се декларирани со натпис – „Увезени од Косово“, како што објавиле белградските медиуми.

– Ниту царинската, ниту надлежната инспекциска служба немаат евидентирано дека таква роба преку легални канали влегла на територија на Србија, изјавил Љалиќ за Спутник.

Медиумите денеска известиле дека голем број на трговски ланци во Србија во својата понуда ја имаат бонбониерата, на чија декларација е јасно истакнато дека се работи за „увезено од Косово“, со што се крши Уставот на Србија и препораките на Министерството за трговија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот