Фон дер Лајен од Киев: Во Хаг ќе се отвори Центар за истрага и собирање докази за злосторствата во Украина

Урсула фон дер Лајен/ Фото EPA-EFE/DUMITRU DORU

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека во Хаг ќе биде отворен центар за истрага на злосторствата и собирање докази за акти на агресија во Украина.

„Центарот ќе го координира собирањето докази и ќе биде вклучен во заедничкиот истражен тим, кој е поддржан од нашата агенција „Еуроџаст“, наведе Лајен.

Таа е во официјална посета на Киев заедно со неколку високи претставници на ЕУ.

Меѓународниот кривичен суд во Хаг веќе ги истражува наводните воени злосторства и злосторства против човештвото поврзани со руската инвазија врз Украина. Кривичниот суд може да гони ако има доволно докази дека злосторството геноцид е извршено во Украина, но нема јурисдикција да гони за наводните дела на агресија извршени од Русија.

Според дефиницијата на ОН „акт на агресија“ е „инвазија или напад од вооружените сили на која било држава, територијата или која било воена окупација“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот