Лајен: Очекуваме до јули да бидат вакцинирани 70 отсто од возрасните Европејци

Урсула фон дер Лајен / Фото: EPA-EFE/FRANCISCO SECO / POOL

Претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен за време на нејзината посета на фабриката во Фајзер во белгискиот град Пурс изјави дека веќе во јули очекува 70 проценти од возрасните Европејци да бидат вакцинирани против ковид-19.

Таа додаде дека 123 милиони Европејци веќе ја примиле првата доза на вакцина против вирусот. Претходно оваа година, ЕУ постави краен рок до крајот на септември да бидат имунизирани 70 проценти од населението на ЕУ. ЕК вчера објави дека само десет проценти од Европејците веќе ги примиле потребните две дози вакцина.

Според Фон дер Лајан, во наредните денови може да се очекува да завршат преговорите со Фајзер за набавка на 1,8 милијарди дози вакцини на ЕУ во периодот 2022-2023 година.

Претседателката на ЕК посочи дека ЕУ е на трето место по вакцинирање по САД и Кина.

Таа истакна дека отсега се планира вакцинација да ги опфаќа децата и адолесцентите и додаде дека ЕУ досега извезла 155 милиони дози вакцини во околу 80 земји низ светот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот