Лајен: Најмалку три месеци за воспоставување на систем за сертификати за вакцинација против ковид-19

Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET / POOL

Лидерите на Европската Унија (ЕУ) вечерва на редовна видео-конференција посветена на пандемијата на ковид-19 покажаа дека расте поддршката за т.н. дигитални сертификати за вакцинација, засновани врз заеднички европски критериуми за влез во земјите-членки и отворање на општеството по пандемијата.

Претседателката на Европската Комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, изјави дека земјите-членки ќе треба да донесат одлуки за тоа „што ќе може да се прави со сертификатите”, а оти на ниво на ЕУ тие ќе се користат за функционирање на единствениот пазар.

Фон дер Лајен изјави дека ќе бидат потребни најмалку три месеци за воспоставување на интероперабилен систем на сертификати за вакцинација во ЕУ.

– Системот ќе поддржува информации за вакцинација на лице, негативен ПЦР тест или имунитет. Потребна ни е брза имплементација, доколку сакаме овие сертификати да бидат функционални пред летото, заклучи Фон дер Лајен.

Претставници на ЕУ нагласуваат дека има уште многу отворени и „политички и научни” прашања кога станува збор за сертификатите за вакцинација, односно за што ќе се користат или дали вакцинацијата значи и прекин на пренесувањето на инфекцијата.

– Имаме охрабрувачки податоци од Израел, каде вакцините на „Фајзер“ покажаа дека го запираат пренесувањето на инфекцијата по ревакцинацијата, рече Фон дер Лајен.

Таа додаде дека ЕУ досега примила 50 милиони дози вакцина против ковид-19 од кои 29 милиони биле потрошени на вакцинирање граѓани, што претставува осум проценти од возрасната популација во ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот