Лајен: Коронавирусот ќе доведе до трагедија на ниво, што до пред неколку недели беше незамислива

Урсула Фон дер Лајен/ Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Лајан оцени дека почетниот одговор на кризата во Европа бил едностран односно секоја земја гледала само за себе, но во меѓувреме преземени се вонредни мерки и подобрена е координацијата.

Претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајeн изјави дека новиот коронавирус ќе го смени животот на Европејците и доведе до „трагедија на ниво, што до пред неколку недели беше незамислива”.

– Оваа е борба во која секој од нас има улога, истакна Лајен.

Таа во обрајќањето пред речиси празниот ЕП во Брисел повторно повика на единство и координиран пристап во борбата против пандемијата со Ковид-19.

Лајан оцени дека почетниот одговор на кризата во Европа бил едностран односно секоја земја гледала само за себе, но во меѓувреме преземени се вонредни мерки и подобрена е координацијата.

– Сите делиме иста одговорност и не можеме сами за себе да ја решаваме ова криза. Само со меѓусебно помагање ќе си помогнеме и себе си, наведе Лајен.

Таа во исто време укажа на потребата од правилно функционирање на европскиот единствен пазар и шенгенот, како единствен начин за решавање на актуелната криза. Лајен потенцира дека е неефикасна мерката за затворањена внатрешните граници на Европска Унија, бидејќи тоа го отежнува протокот на артикли неопходни за земјите-членки на Унијата во борбата против Ковид-19

– Во овој момент нема ниту една земја-членка која може сама да ги подмири своите потреби за медицинска опрема, истакна претседателката на ЕК.

Таа додаде дека ЕУ првпат во својата историја прави заеднички резерви од медицинска опрема, а производителите потврдија дека следните недели ќе можат да ги испорачаат нарачаните заштитна опрема, респиратори и лабораториски тестови.

– Сега на прво место ни е спасувањето на животи. Но, се надевам дека брзо ќе дојде „денот потоа” кога ќе мораме да ги решаваме општествено економските последици од кризата, потенцира Лајен.

Пред гласањето во ЕП за мерките за помош за земјите-членки и земјите во процес на пристапување во ЕУ, Лајен нагласи дека сега донесените одлуки ќе ја одредат иднината на Унијата.

– Историјата не гледа. Мораме заедно да ја направиме вистинската работа со едно големо срцем наместо 27 мали, посочи Лајен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот