23 C
Скопје

Лајен апелира до В. Британија и до САД: Потребен е реципроцитет при извозот на вакцини

Претседателката на Европската Kомисија, Урсула фон дер Лајен повика на поголема транспарентност и реципроцитет при извозот на вакцини, односно за актуелниот спор меѓу Велика Британија и САД за снабдувањето со вакцини.

– Барам поголема транспарентност, бидејќи Европа е меѓу регионите во светот што најмногу извезува, но потребен е реципроцитет, истакна Лајен за за италијанскиот дневен весник „Ла Република”.

Таа додаде дека Европската Унија (ЕУ) е во контакт со Велика Британија за извозот на вакцини, но одби да открие детали од разговорите со британскиот премиер, Борис Џонсон. Фон дер Лајен потенцира дека ќе биде постигната целта до крајот на летото во Европа да бидат вакцинирани 70 отсто од возрасната популација и покрај неодамнешниот прекин на употреба на „АстраЗенека“ по извештаите за згрутчување на крвта кај луѓето кои ја примиле вакцината.

Поврзани вести

Мицкоски: Бараме датум и преговори со ЕУ веднаш

Во Израел има помалку од 1.000 активни случаи на заразени со Ковид-19

МИА Агенција

Денеска се регистрирани 135 нови случаи на Ковид-19

Слободен печат

ВИДЕО| Менкиноски: Фамозната белешка на АНБ не е доказ во постапката против Јордан Камчев

ВИДЕО| Најмалку 40 мртви меѓу кои и деца во напад на училиште во Авганистан

Горан Наумовски

Папата Франциск повика на прекин на насилството во Ерусалим

МИА Агенција

Остави Коментар