Лајчак: Западен Балкан и ЕУ се едно семејство

Мирослав Лајчак/ Фото: EPA-EFE/NEMANJA JOVANOVIC

 Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак денеска изјави дека Западен Балкан и ЕУ се едно семејство кое се соочува со истите предизвици.

Затоа, како што истакна на форумот во Дубровник, важно е тие да ги делат истите норми и вредности.

– Западен Балкан и ЕУ се едно семејство. Ние сме длабоко поврзани и оваа интеграција ќе се зголеми уште повеќе. Со оглед на тоа што сме меѓусебно поврзани, се соочуваме со истите предизвици. Затоа е толку важно да ги делиме истите норми и вредности, напиша Лајчак на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот