Лајчак, Вучиќ и Курти на средба со Шолц во Берлин

Александар Вучиќ
Александар Вучиќ / Фото: EPA-EFE/KOCA SULEJMANOVIC

 Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти се во Берлин каде денеска ќе имаат средба со специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак и германскиот канцелар Олаф Шолц.

„На покана на канцеларот Шолц, специјалниот претставник на ЕУ Мирослав Лајчак ќе отпатува во Берлин за да се сретне со канцеларката, а потоа ќе одржи посебна неформална средба со претседателот Вучиќ и премиерот Курти”, рече Петер Стано, портпаролот на ЕУ за надворешна политика и безбедност.

Германскиот амбасадор во Приштина Јорн Рохде рече дека разговорите ќе се фокусираат на координирање на одговорот на рускиот напад врз Украина, политичките и економските односи и регионалната соработка.

Состаноците го поддржуваат и дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, рече Рохде.

Средбата во Берлин ќе биде прва средба меѓу Вучиќ и Курти од јули минатата година, кога се сретнаа во рамки на „бриселскиот дијалог”. Вучиќ и Курти минатото лето се сретнаа во два наврати, но двете средби завршија со меѓусебни обвинувања и не доведоа до резултат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот