Лајчак во Брисел се сретна со амбасадорите од Западен Балкан

Лајчак денеска првпат седна во канцеларијата на Специјален ЕУ претставник во Брисел.

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и други прашања од Западен Балкан Мирослав Лајчак денеска, на својот прв работен ден во Брисел, разговараше со амбасадорите на западнобалканските земји.

„Имавме конструктивен разговор за ситуацијата во регионот и евроинтегративниот процес”, напиша Лајчак на својот Твитер профил.

Тој појасни дека ги известил амбасадорите на земјите од регионот за своите планови во рамки на новиот мандат специјален претставник на ЕУ за дијалог и Западен Балкан.

Минатата недела Лајчак најави дека после речиси два месеци минати во Братислава, поради пандемијата на Ковид-19, денеска ќе пристигне во Брисел и физички ќе ја преземе канцеларијата на Специјален ЕУ претставник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот