Лајчак: Во Белград не доаѓам со ултиматум

Мирослав Лајчак/ Фото: EPA-EFE/NEMANJA JOVANOVIC

Во ексклузивно интервју за Танјуг, специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак, во пресрет на посетата на Србија на 3 и 4 март порача дека не доаѓа во Белград со „ултиматум”, како и дeka Србија не треба да се плаши од обновената соработка меѓу ЕУ и САД за решавање на косовското прашање. Тој додаде дека е убедени дека има простор во кој Белград.и Приштина би можеле да се договорат за меѓусебните односи, јави дописникот на МИА од Белград.

– Не е тајна дека ЕУ очекува да продолжи дијалогот и дека и за Белград и за Приштина – тој е неизбежен на патот кон ЕУ. Унијата е тука, подготвени сме да ги донесеме двајцата лидери во Брисел и сега се поставува прашањето кога тоа ќе се случи. Сакам да го слушнам одговорот на тоа за време на мојата посета, изјави Лајчак.

По повод најавите во медиумите дека доаѓа во Белград со т.н. нон-пејпер што содржи еден вид ултиматум за српските власти, Лајчак кажа дека секогаш пред неговото пристигнување се појавувале „шпекулации и големи очекувања”.

Неговите очекувањата кога станува збор за ангажман и конструктивност на косовска влада, која ќе ја претставува победникот на изборите, Албин Курти, специјалниот претставник на ЕУ оцени дека Курти добро знае што се очекува од него и дека неговите први изјави за продолжување на дијалогот не треба да се драматизираат.

Гледајќи ја идната соработка со новата администрација во Вашингтон околу дијалогот Белград-Приштина, Лајчак оцени дека тоа не е „ново партнерство”, туку враќање на „старата соработка”, за која рече дека има долга и успешна традиција на Западен Балкан.

Запрашан како ЕУ, како главен посредник во дијалогот меѓу Белград и Приштина, гледа на американското инсистирање на „меѓусебното признавање”, Лајчак изјави дека целта на дијалогот е нормализирање на односите и дека Белград и Приштина се страните кои треба да се договорат „што е тоа нормализација и што е тоа нормално”.

– Мислам дека одговорот на ова прашање не е премногу тежок, кажа Лајчак.

Запрашан каде гледа простор за компромис во дијалогот и инсистирањето на Приштина на „меѓусебно признавање”, и на Белград за „нема да има признавање на Косово”, Лајчак вели дека „гледа простор за договор и нормализирање”.

– Има простор за нормализирање на односите и има простор за постигнување договор што ќе ги реши сите отворени прашања и ќе ги забрза европските патишта на Србија и Косово. Јас сум апсолутно убеден во тоа, изјави Лајчак.

Тој повтори дека целта е постигнување на сеопфатен договор што ќе ги реши сите отворени прашања меѓу двете страни, вклучително и „договорите за новите прашања” и веќе постигнатите договори кои сè уште не се спроведени “како што е Заедницата на српски општини”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот