Лајчак убеден дека 2021-ва ќе биде добра за односите ЕУ-Западен Балкан

Мирослав Лајчак/ Фото: EPA-EFE/NEMANJA JOVANOVIC

Во однос на европската перспектива на Западен Балкан, претставникот на ЕУ најави средба на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Унијата на 22 јуни и самит во октомври оваа година.

Специјалниот пратеник на Европската унија за косовско-српскиот дијалог, Мирослав Лајчак смета дека 2021-ва ќе биде „добра година за односите меѓу ЕУ и Западен Балкан”, додека заменикот помошник државен секретар на САД задолжен за Западен Балкан, Метју Палмер очекува дијалогот меѓу Косово и Србија да заврши со меѓусебно признавање на двете државијави дописникот на МИА од Приштина.

Словачкиот и американскиот дипломат овие изјави ги дадоа на прес-конференција на крајот од официјлниот дел од дводневната посета на Косово, на која го најавија продолжувањето на дјалогот меѓу Приштина и Белград со средба во Брисел, во наредните неколку денови, на косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ.

Во однос на европската перспектива на Западен Балкан, претставникот на ЕУ најави средба на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Унијата на 22 јуни и самит во октомври оваа година.

– Оваа година има потенцијал да биде добра година за односите меѓу ЕУ и Западен Балкан. Имаше дискусија меѓу 27-те министри за надворешни работи, а ќе има уште една дискусија на 22 јуни. Ќе го имаме и самитот за Западен Балкан во октомври и целата оваа платформа ќе се искористи за утврдување на европската агенда за регионот, вклучително и Косово, изјави Лајчак.

Американскиот пратеник за регионот и за косовско-српскиот дијалог рече дека САД  го поддржуваат дијалогот меѓу Приштина и Белград и очекуваат тој да заврши со меѓусебно признавање на двете држави.

Палмер нагласи дека САД се партнер во процесот и дека „визијата за регионот е да се унапреди дијалогот до постигнување конечно решение”.

– Не зависи од САД да ги идентиикува компромисите, тоа зависи од самите страни. Процесот го води ЕУ и е поддржан од САД. Што се однесува до крајната цел, ние продолжуваме да веруваме дека тоа е меѓусебното признавање, која на крајот ќе го остави ова прашање во минатото и ќе отвори нови патишта, изјави Палмер, нагласувајќи дека Вашингтон го поддржува интегрирањето на земјите од регионот во ЕУ.

Двајцата дипломати ја оценија посетата на Приштина како мошне успешна и нагласија дека таа беше во функција на изготвување на продолжувањето на дијалогот

Лајчак и Палмер вчера допатуваа во дводневна официјална посета на Косово, каде што се сретнаа со претседателката на државата Вјоса Османи и со премиерот Албин Курти, како и со други владини претставници, со опозициски лидери и со претставници на меѓународната заедница во земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот