Лајчак тврди дека Косово начелно го прифатил предлогот на ЕУ

Специјалниот претставник на Европската унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак денеска го изрази своето задоволство што Косово начелно го прифатило предлогот на ЕУ за нормализација на односите меѓу двете страни.

„Мило ми е што Косово начелно го прифати предлогот на ЕУ. Ќе ги продолжиме нашите разговори на средба на високо ниво“, објави Лајчак на Твитер.

Високиот претставник на ЕУ додаде дека во понеделникот во Приштина и Белград разговарал со косовскиот премиер Албин Курти, главниот преговарач Бесник Бислими, а потоа и со српскиот претседател Александар Вучиќ и со претседателот на Канцеларијата за Косово и Метохија на Владата на Србија, Петар Петковиќ.

Вучиќ синоќа по средбата со Лајчак на Инстаграм напиша дека имале „отворен и пријателски разговор“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот