Лајчак: Нормализацијата на односите меѓу Србија и Косово е апсолутно можна

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Белград-Приштина, Мирослав Лајчак рече дека ЕУ е убедена дека „апсолутно е можно сеопфатно нормализирање на односите меѓу Косово и Србија“.

„Тоа е во нивен интерес, во интерес на целиот регион и, се разбира, во интерес на ЕУ, исто така“, изјави Лајчак за Данас, на прашањето што би направил ако нема компромис за ова прашање.

Лајчак изјави дека ЕУ и Америка „имаат долга и продуктивна историја на тесна соработка на Западен Балкан и во процесот на нормализирање на односите меѓу Србија и Косово“.

Лајчак: Размената на територии меѓу Србија и Косово би била „многу опасна”

„Оваа соработка донесе опипливи позитивни резултати во последните неколку години и јас сум во чест контакт со моите американски колеги, со цел да подготвиме заедничка стратегија и заеднички активности, и со нетрпение очекуваме обнова на поблиска трансатлантска соработка“, рече Лајчак

Запрашан кога дијалогот меѓу Белград и Приштина може да продолжи, имајќи предвид дека претходните влади на Косово не беа формирани брзо или лесно, тој рече дека смета дека „не е паметно да се утврди датумот“.

„Пораката на ЕУ е јасна: Подготвени сме да го продолжиме дијалогот таму каде што застанавме во декември веднаш штом новата (косовска) влада стапи на должност. Јас исто така сум подготвен да патувам во овој регион и да се состанам со моите преговарачи како штом условите дозволат. ЕУ јасно изјави дека нема друг начин освен дијалог на европскиот пат на Србија и Косово. Затоа, продолжувањето на овој дијалог без непотребни одложувања е во интерес на сите“, рече Лајчак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот