Лајчак: Несомнено за Косово, успех во дијалогот значи да се стане земја кандидат за ЕУ

Мирослав Лајчак смета дека големиот чекор кон членството во Европската унија за Косово може да се реализира.

Претставникот за дијалогот вели дека со постигнување договор со Србија, Косово добива статус на земја кандидат за пристапување во ЕУ, пренесе косовската телевизија Клан.

„Несомнено за Косово, успех во дијалогот значи да се стане земја кандидат и сè што доаѓа со него. Косово забележа голем број конкретни резултати од почетокот на дијалогот. Ја споменувам регионалната соработка каде што се претставува Косово. Потоа собирање данок, слобода на движење, интеграција на полицијата и судството од северот. Постојат и други примери“, рече Лајчак за време на онлајн дебата во вторникот.

Косово е скоро единствената земја од шест во регионот на Западен Балкан што не добила статус на кандидат за членство во Унијата.

Републиката има големи назадувања во процесот на европска интеграција. Дури и визната либерализација што ја уживаат сите други земји, Брисел не може да ја понуди на Приштина.

Експертот за евроинтеграции Јехона Лушаку-Садриу вели дека без прифаќање на државата Косово од сите земји-членки на ЕУ, обезбедувањето статус на земја-кандидат ќе биде тешко.

Од 27 земји-членки на Унијата, пет од нив не ја признаваат независноста на Косово. Тоа се Шпанија, Грција, Кипар, Романија, Словачка.

Шпанската министерка за надворешни работи Аранча Гонзалес Лаја, рече дека нејзината земја не го признава Косово и дека тие ќе останат лојални на оваа позиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот