3.4 C
Скопје

Лајчак: Немаше ниедна земја членка која рече „не”, немате причина да сте разочарани

Немате причина да се чувствувате разочарано. Одлуката на Советот за општи работи на состанокот во Ликсембург за почеток на пристапните преговори е одложена од технички причини, но имаше многу добра и позитивна енергија и многу министри кажаа многу убави работи за вашата земја. Беше општо прифатено дека Северна Македонија заслужува да започне пристани преговори со ЕУ и искрено се надевам и очекувам дека ваквата одлука ќе стане реалност до крајот на октомври. Во меѓувреме би сакал да ве поттикнам да продолжите да работите на реформите во корист на вашата земја.

Ова го истакна словачкиот министер за надворешни работи и актуелен претседавач со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), Мирослав Лајчак, на заедничката прес-конференција во Скопје со неговиот домаќин, шефот на дипломатијата Никола Димитров.

Запрашан кои земји беа против давање датум за преговори со нашата земја, Лајчак истакна дека ниту една земја за нас не рекла „не”, а одлуката не е донесена, рече, поради внатрешната процедура во Германија.

– Немаше ниедна земја членка која што рече „не” за Северна Македонија. Земјите членки имаа проблем со Албанија и ова е дилема со која мора да размислуваме и да се справиме со неа. Има една резолуција од Холандскиот парламент, која што вели дека тие се против покана за Албанија и мислам дека во овој период до октомври треба да биде искористен од страна на Владата во Тирана да се справи со таквата загриженост која постои во земјите членки во врска со нив. Тие рекоа дека ова не е време за проширување, треба да се фокусираме на Брегзит и на консолидација, но преовладувачкото мнение е дека вашата земја направи одлични нешта со Преспанската спогодба и заврши одлична работа со реформите и сега е наша одговорност да го завршиме нашиот дел од домашната задача и да ви упатиме покана. Очекувам да се материјализира во октомври, рече Лајчак.

Прочитајте и...  Онлајн конференција „Бизнис без корупција"

Министерот Димитров се заблагодари за ратификацијата на Протоколот за НАТО во Словачката Рада во април месец, за поддршката на Словачка и лекциите што ги нудат од својот евроинтегративен пат, а се осврна и на заклучоците од Советот за општи работи – ГАК во Луксембруг.

– Не можеме да бидеме задоволни без да дојде одлуката во октомври. Мислам дека нашиот успех ќе биде важен сигнал за целиот регион, дека европската врата е отворена и европската визија за Западен Балкан постои. Доколку такво нешто не се случи, тогаш тоа ќе биде точка на таа перспектива.  Ние ќе продолжиме да си работиме дома, тука е иднината на СЈО, меѓутоа мислам дека товарот во следните неколку месеци е на земјите членки, рече Димитров.

Прочитајте и...  Менаџерскиот тим одлучи да нема отпуштање: Вработените во кочански „Пејпар мил" на принуден одмор до април и со 30 отсто помали плати

Тој посочи дека и Јункер и комесарот Хан и многу од земјите членки истакнале дека ние испорачавме, а тоа го кажала и канцеларката Меркел на средбата со Заев во Берлин.

-Многу е важно ЕУ да покаже дека е сериозна во однос на евросплката перспектива на овој регион кој е опкружен со земји членки. И затоа јас претпочитам наместо за проширување, треба да зборуваме за комплетирање, бидејќи проширување имплицира дека ЕУ ќе стане поголема географски. Мислам дека нема да стане поголема географски туку ќе стане поцврста, ќе се консолидира, рече Димиторв.

На новинарско прашање министерот Димитров истакна дека доколку изостане датумот тоа ќе има директни импликации врз кредибилитет на ЕУ и нејзината моќ, имајќи ја предвид и Солунската агенда од 2003.

-Нашата цел е да започнеме преговори во декември 2019. Сакавма тоа да биде пред одморите бидејќи секое одложување носи непредвидливост, но од наша страна нема да бидеме понеспремни и во септември и во октомври. Ние ќе бидеме предвидливи, ќе работиме на СЈО и ќе бидеме во ситуација да се каже не, а беше тешко и сега. Конечно се работи само за почеток на нашиот пат. Ние не сме спремни денес или утре да станеме земја членка, но сме апсолутно спремни на рамен терен да се натпреваруваме кој ќе биде поуспешен во реформите со нашите пријатели од Подгорица или Белград, рече Димитров.

Прочитајте и...  Бајден: Задолжителен негативен тест и карантин за сите кои пристигнуваат во САД со авион

Покрај тет-а-тет средбатаДимитров и Лајчак денеска имаа воведно обраќање на Втората пленарна сесија на Националната конвенција за Европска Унија во Република Северна Македонија, во организација на Европското движење Северна Македонија и Словачкото здружение за надворешна политика, на кое се дискутираше за реформите во неколку поглавја на Европската Унија, вклучително и за поглавјата 23 и 24: Правосудство и основни права и Правда, слобода и безбедност.

Словачкиот шеф на дипломатијата Лајчак, кој се наоѓа во дводневна посета на нашата земја, ќе биде примен и од државниот врв на Република Северна Македонија. 

Поврзани вести

Израел собори дрон од Либан

Слободен печат

Најпосакуваната професија на пазарот: Колку заработуваат ИТ експертите?

Слободен печат

ЛГ планира да го напушти производството на паметни телефони

Слободен печат

Симболична забрана на нуклеарни арсенали, без велесилите со атомски бомби

Митко Билјаноски

Тешка сообраќајна несреќа во Скопје, има и повредени

Слободен печат

Руски научник открива: Еве колку време после вакцинацијата е потребно да се развие имунитет

Слободен печат

Остави Коментар