Лајчак: Не работам врз основа на гласини, размената на територии не е на дневен ред

Кога станува збор за улогата на другите глобални играчи на Западен Балкан, тој изрази уверување дека „никој не може да го понуди она што го нуди ЕУ – целиот регион да биде дел од Европа“.

Во дијалогот на Белград и Приштина Европската Унија мора да „оди рака под рака“ со Соединетите Американски Држави, изјави спрецијалниот претставник на ЕУ за дијалогот на Белград и Приштина Мирослав Лајчак.

Тој укажа дека е потребен договор кој ја смирува ситуацијата и оцени дека реакциите на идејата за размена на територии покажаа „многу јасно“ дека тоа би го донело „токму спротивното“.

Лајчак не сакаше да ги коментира гласините за „таен договор“ за размена на територии меѓу претседателот на Србија Александар Вучиќ и претседателот на привремените приштински институции Хашим Тачи.

Тој улогата на ЕУ и неговата лична улога во дијалогот меѓу Белград и Приштина пред се ја гледа во улога на посредник. Лајчак не смета дека препреката не е тоа што доаѓа од земја која не ја призна еднострано прогласената независност на Косово, дури и тоа го гледа како „можност“ и додава дека не ја претставува Словачка туку цела ЕУ.

Специјалниот претставник на ЕУ смета дека Унијата што побрзо треба да донесе одлука за либерализација на визите за Косово, но не сакаше за одговори на прашањето кои се тоа земји чија поддршка моментално недостасува за таквата одлука. Тој рече дека моментално преговара по тоа прашање и дека е „апсолутно оптимист“ дека договор наскоро ќе биде постигнат.

На прашањето каков резултат би сакал на крајот од својот мандат, Лајчак одговори дека некои работи полесно е да се кажат отколку да се постигнат.

– Целта е да се има правно обврзувачки договор на две страни кои ги разјаснува сите отворени прашања, да биде во склад со сите отворени прашања, да биде во склад со меѓународното право и да е прифатен и признаен од двете страни, во регионот, но и од сите земји членки на ЕУ. Нема причина процесот да се одлага, но на крајот квалитетот е поважен од брз договор, рече Лајчак.

Кога станува збор за улогата на другите глобални играчи на Западен Балкан, тој изрази уверување дека „никој не може да го понуди она што го нуди ЕУ – целиот регион да биде дел од Европа“.

Лајчак укажа дека кризата предизвикана од коронавирусот покажала дека ЕУ мора да биде и „брза и видлива“ на Западен Балкан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот