Лајчак го пресече Годриевиот јазол: Официјалната мапа на ЕУ за Западен Балкан е со линија што го одделува Косово од Србија

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, вечерва на Твитер објави мапа од неговиот кабинет  на која е прикажана административната линија меѓу Србија и Косово.

Лајчак, по „вжештената“ реторика која по неговото интервју ја почнаа косовските медиуми и објавија дека на мапата која стои во неговата канцеларија не се гледа административната линија помеѓу Србија и Косово предвидена со Резолуцијата 1244, се огласи на Твитер.

„Бидејќи мапата во мојата канцеларија на замагленото снимање на екранот од моето интервју предизвика некои погрешни перцепции денес, споделувам вистинска фотографија одблизу. Тоа е официјалната мапа на ЕУ за Западен Балкан. Косово е таму, како и линијата што го дели Косово од Србија”, напиша Лајчак со објавени фотографии од картата.

Претходно денес, портпаролот на ЕУ Питер Стано изјави дека мапата во канцеларијата на специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина е „официјална мапа на ЕУ“, која е статусно неутрална по прашањето на Косово, што е во согласност со ЕУ позиција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот