Лајчак ги објави темите за кои ќе се дискутира утре во Брисел

Вучиќ и Хоти ќе имаат тежок ден

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог Мирослав Лајчак соопшти дека на утрешниот состанок во Брисел меѓу косовската и српската страна, со европско посредување, тема на дискусија ќе бидат финансиските побарувања и аранжманите за немнозинската заедница.

Тој преку објава на Твитер напиша дека косовскиот премиер Авдулах Хоти и српскиот претседател Александар Вучиќ се согласиле преговарачкиот тим да ги следи овие теми.

„Претседателот Вучиќ и премиерот Хоти се согласија дека преговарачкиот тим треба да ги следи договорите за финансиски побарувања и аранжмани за немнозинската заедница. „Двете теми се многу сложени, поради оваа причина утре ќе разговараме за финансиските побарувања и аранжманот за немнозинската заедница во наредните денови“, напиша Лајчак.

Претседателот на Косово, Хашим Тачи претходно изрази загриженост за следната средба која треба да се одржи утре во Брисел, нарекувајќи ја ризична. Според него, повторното отворање на темата Заедница на општини со српско мнозинство во дијалогот, што се одржува меѓу Косово и Србија во Брисел, е чекор назад за Косово.

Прочитајте и...  Хрватска: 234 новозаболени од коронавирус, четворица починати

Прочитај повеќе

Црна Гора: Почна новата учебна година под посебни епидемиолошки мерки

Слободен печат

Газдата на Пинк и новинарка осудени за ширење лажни вести

Слободен печат

Најмалку 40 случаи на Ковид-19 во дом за стари лица во Атина

МИА Агенција

Вучиќ на средбата со делагација на Светска банка и за „мини Шенген”

Слободен печат

По Словенија и Хрватска размислува да забрани работење во недела

Марина Дамческа

Силен земјотрес во близина на грчките острови Кос и Нисирос

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Вучиќ најави комплетна ревизија на податоците на бројот на починати од ковид-19

Слободен печат

Туристичките агенции во Србија запреа со продажба на аранжмани

Слободен печат

Хрватска: 234 новозаболени од коронавирус, четворица починати

Слободен печат

Учениците во Грција повторно протестираат против мерките за коронавирусот

Слободен печат

Помпео утре во Хрватска, ќе се разговара за укинување на визите и Ф-16

Слободен печат

Ѓукановиќ: Изразот „српски свет” е еуфемизам за идејата за голема Србија

Слободен печат