Лахтов: Живееме во време на глобално информациско „загадување“

Симплифицираната дистинкција на вистински и лажни вести, која се форсира во последниве години, за жал, не е вистинска слика за глобалното информациско загадување кое постои во медиумите. Ситуацијата е далеку покомплексна. На оваа тема во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, говори специјалистот за медиумска писменост, Михаил Лахтов.

-Кога зборуваме за изборната кампања, мислам дека таа трае постојано. Особено на социјалните мрежи. Тоа е сега видливо. Не го гледаме преку изборни спотови, но тоа што го гледаме во моментов се поставување на некои бази како таа изборна кампања ќе тече. Според она што го гледам досега, повторно ќе имаме валкана изборна кампања. Така и се спремаат партиите- вели во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, специјалистот за медиумска писменост, Михаил Лахтов.

Во последните години, особено ФБ стана тајмлајн или наш начин како ние ги избираме вестите.

-На пример социјалните мрежи иницијално се измислени за комуникација. Не за информација. Во одреден момент доаѓа нивно спојување и за комуникација и за информација. Тој алгоритам ве држи во еден балон, затоа што постојано ви сервира информации дека како што претпоставува сакате да видите. Ако сте вие лево или десно политички ориентиран такви информации ќе добивате- вели Лахтов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот