Љафтов пред Финска: Можеби ќе има трема, но не се предаваме! – Слободен печат
ОстанатoСпорт

Љафтов пред Финска: Можеби ќе има трема, но не се предаваме!

Нашите најдобри одбојкари го одработеа последниот од четирите тренинзи во Марибор и се упатија кон Љубљана каде што од четврток до вторник ќе ги играат натпреварите од групата „Ц” на ЕП.

Во долгата низа прашања што и како на отворањето против Финците, кажано на наједноставен начин, за да ги оствариме целите на континенталниот самит на којшто сме првпат, потребно е да ги одиграме најдобрите натпревари.

– Во мислите треба да имаме дека можеме тоа да го направиме. Прв натпревар е, можеби ќе има трема, мал грч, но дури и да го загубиме првиот сет, не треба да се предаваме, треба да се бориме до крај за секој последен поен. Се надевам, односно знам дека можеме да го направиме тоа – рече примачот Александар Љафтов.

Натпреварувачкото ниво е поинакво, па македонските одбојкари треба да одговорат соодветно. Фаворитската улога со задоволство ја препуштаат на противниците, но има и поинакви размислувања.

– Еве јас ќе бидам првиот што ќе кажам дека сме поквалитетни од нив и навистина верувам дека в четврток ќе ја израдуваме македонската јавност – оптимистички тонови од средниот блокер Ристо Николов.

Првиот наш дуел на ЕП во арената „Стожице“ во Љубљана против Финска ќе го имаме на 12 септември (четврток) со почеток од 17.30 часот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close