Љафтов: Оваа репрезентација има срце

фото: Слободен Печат/Драган Митрески

Александар Љавтов беше најзабележителен во втората победа на одбојкарската репрезентација на Македонија над БиХ во квалификациите за ЕП со 21 остварен поен.

Според Љафтов, селекцијата на БиХ е „архивирана“ и сега мислите се насочуваат кон саботниот натпревар против фаворитот во групата, репрезентацијата на Турција која на првиот квалификациски турнир, вчера не совлада со 3:1.

– Уште пред да почне турнирот замислите ни беа две победи против БиХ и тоа го остваривме. Поразот од Турција тешко ни дојде, игравме со осцилации и бевме казнети, но денеска бевме далеку подобри и сосема заслужено победивме. Сега треба да да се одмориме, видовме дека можеме да играме против нив, доминиравме во вториот сет и тоа не е случајност.
Не смееме да им дозволиме да им подаруваме поени, да ги сведеме нашите грешки на минимум и се надевам дека ќе биде позитивен резултат за нас. Сигурно не е дека немаме квалитет,мислам дека ние сме 10-15 години заедно во репрезентацијата, и таа сплотеност и хемија е нашиот плус и тоа што не одвојува од останатите. Немаме клупа, немаме екстра квалитет на секоја позиција но имаме срце – вели Љафтов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот