Љафтов одличен, македонските одбојкари им се реваншираа на Данците
После поразот во Струмица на првиот турнир (0:3), денеска најдобрите македонски одбојкари на стартот од вториот турнир во Европската сребрена лига во Шлагелсе со иста мера им се реваншираа на Данците.
Избраниците на селекторот Никола Матијашевиќ со резултат 25:23, 25:17 и 25:21 триумфираа против данската селекција за вкупно трета победа во ова натпреварување.
Најрасположен беше Александар Љафтов со 24 поени, 12 помалку запиша Никола Ѓоргиев, а на спротивната страна Мадс Кјед Јенсен имаше 17 поени.
Претходно Кипраните со 3:0 славеа против Израел, па така моментно во групата „А“ води Македонија со девет бодови, пред Данска која има осум, следува Кипар (четири), последен е Израел (три).
Следниот меч нашите одбојкари ќе го имаат в сабота од 16.00 часот против израелската репрезентација.
Македонија ќе игра во Тампере, одбојкарите ги дознаа ривалите на ЕП 2021