Љафтов: Конечно го покажавме вистинското лице – Слободен печат
ОстанатoСпорт

Љафтов: Конечно го покажавме вистинското лице

Македонија ја оствари втората победа по ред на Европското првенство, овој пат над стариот должник Словенија. Еден од најискусните во македонскиот табор е Александар Љафтов кој вели дека одбојкарите конечно го покажаа вистинското лице.

– Ви благодарам на сите што верувавте во нас. Конечно го покажавме вистинското лице против Белорусија и Словенија, додека на дуелите против Финска и Турција не успеавме да го покажеме вистинскиот карактер. Ова е вистинската репрезентација и се надевам дека ќе останеме такви до крај – вели Љафтов.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close