„Ладен туш“ за Хари и Меган Маркл: Трамп нема да и го плаќа обезбедувањето при престојот во САД!

профимедиа

Доналд Трамп преку Твитер им порача на Хари и Меган Маркл дека самите ќе мора да платат за сопствената заштита додека престојуваат во САД.

Меган Маркл и принцот Хари по Ванкувер се селат во Лос Анџелес, а откако кандаските власти не сакаа да им го платат обезбедувањето, тоа нема да се случи ниту во Америка.

Токму поради ова, американскиот претседател Доналд Трамп преку Твитер им порача на Хари и Меган Маркл дека самите ќе мора да платат за сопствената заштита додека престојуваат во САД.

„Јас сум голем пријател и обожавател и на кралицата и на Обединетот Кралство. Како што беше објавено порано, Хари и Меган, кои го напуштија Кралството, ќе се преселат во Канада. Сега тие ја напуштија Канада и дојдоа во САД. Сепак, Америка нема да ја плаќа нивната заштита. Ќе мора сами да платат“, порача Трамп.

ФОТО: ЕРА

Набргу по ова се огласи и портпаролката на поранешниот кралски пар и изјави дека тие не планираат да бараат помош од американската влада во покривањето на овие трошоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот