Лацио е во страшна форма, хет-трик на Имобиле! (ВИДЕО)

фото: твитер

Страшна е серијата на добри резултати на римскиот клуб кој сериозно се вмеша сезонава во борбата за Скудетото заедно со шампионот Јувентус и Интер.

Во рамките од 20. коло на стадионот „Олимпико“ во Рим составот на Лацио убедливо славеше против Сампдорија со резултат 5:1. Еден од најзаслужните за победата на домаќините беше Имобиле кој реализираше хет-трик, по еден погодок имаа Каиседо кој ја започна гол серијата и Бастос.

Последен пат „небесно-сините“ во најсилниот италијански фудбалски шампионат загубија лани на 25 септември на „Џузепе Меаца“ од Интер (1:0).

Оттогаш па досега во Серија А екипата предводена од тренерот Симоне Инзаги не знае за пораз, односно има 12 победи и две нерешени средби.

Со денешните нови три бода сериозно се вмешаа во борбата за Скудетото, моментно имаат 45 бодови, лидер е Јувентус (48), пред Интер (46).

Во саботната програма од 18.00 часот Сасуоло е домаќин на Торино, а Наполи на Елиф Елмас ќе игра против Фиорентина од 20.45 часот на „Сан Паоло“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот