ЛАБУРИСТИТЕ ВЕТУВААТ: Ако победиме ќе следува национализација на британскиот Телеком

Британската опозициска Лабуристичка партија вети, доколку победи на предвремените парламентарни избори на 12 декември, дека ќе ја национализира мрежата на фиксната линија на националниот телеком за да може секој да добие бесплатен пристап до широкопојасен интернет преку оптички кабли.

Најавата на лабуристите предизвика опаѓање на акциите на британскиот Телеком за 3,7 отсто.

За спроведување на овој план, ќе биде потребно набрзина да се надополни Интернет-инфраструктурата на Велика Британија, а трошоците ќе бидат покриени со зголемувањето на даноците за технолошките компании, како што е „Алфабет”. (Гугл), Амазон и Фејсбук и од Зелениот фонд за трансформација на економијата, велат од партијата.

Лабуристите најавија национализација на Openreach, дигиталната мрежа на најголемиот мобилен оператор, како и делови од Бритиш телеком технолоџи (BT Technology), БТ Ентерпрајз (BT Enterprise) и БТ Консјумер (BT Consumer).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот