ВИДЕО ВО ЖИВО | Ла Палма: Морничави звуци од новоотворениот вулкански кратер

Ла Палма / Фото: EPA-EFE/Miguel Calero

Аеродромот на шпанскиот остров Ла Палма денеска беше затворен поради облак од пепел што избива од вулканот кој е „активен” веќе една недела, а научниците соопштија дека се отворил уште еден вулкански кратер, изложувајќи ги островјаните на можни нови опасности.

Интензитетот на ерупцијата, која започна на 19 септември, се зголеми во изминатите денови, што доведе до евакуација на уште три села на островот.

Речиси 7.000 луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови.

Операторот на аеродромот Ла Палма Аена соопшти дека аеродромот не е во функција поради наталожен пепел.

Другите аеродроми на Канарските Острови се уште се во функција, иако некои авиокомпании ги прекинаа летовите, наведува Аена.

Институтот за вулканологија на Канарските острови објави дека рано утрово бил отворен уште еден вулкански кратер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот