Ла Лига стартуваше со победа на Осасуна над Севиља

фото: EPA-EFE/Jesus Diges

Фудбалерите на Осасуна ја совладаа Севиља во Памплона со 2:1 на отворањето на новата сезона во Ла Лига.

Стартот на натпреварот започна со два гола по само 11 минути игра. Прво Осасуна поведе во 9 мнута со голот на Авила, но само две минути подоцна Рафа Мир погоди за 1:1.

Во продолжение од натпреварот Севиља имаше поголем посед на топката, а Осасуна се закануваше преку контранападите и на крајот домашниот тим се радуваше на победата.

Клучниот момент се случи во 74 минута кога Папу Гомез направи прекршок во сопствениот шеснаесетник, а сигурен реализарот на ударот од белата точка беше 20-годишниот Аимар Ороз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот