„Ла Лига“: Само бод за Барса на Камп Ноу! (ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/ALBERTO ESTEVEZ

Во последниот натпревар од неделната програма од петтото коло во најсилното шпанско првенство вечерва ремизираа екипите на Барселона и Севиља со резултат 1:1.

Составот Лопетеги поведе со 0:1 на стадионот „Камп Ноу“ во осмата минута откако де Јонг стрелаше од непосредна близина во мрежата на Нето.

Радоста на гостите траеше само 120 секунди, Меси се обиде да го пронајде Алба, опасноста ја отстрани еден од дефанзивците, но само за кратко, бидејќи топката дојде до бразилскиот интернационалец Кутињо кој се погрижи за израмнување.

Во првите две кола и двете екипи имаа по две победи, ова им беше само нивни трет натпревар во новата сезона и моментно се на делба на петтата позиција со по седум бодови.

Лидер е Реал Мадрид со 10 бодови, напомена дека „кралевите“ имаат еден меч помалку, следуваат Бетис со девет, по осум Реал Сосиедад и Виљареал по осум, сите овие три тима имаат по пет натпревари.

Резултати од другите мечеви: Осасуна-Селта Виго 2:0, Алавес-Атлетик Билбао 1:0, Леванте-Реал Мадрид 0:2, Кадиз-Гранада 1:1.

Барди го одигра целиот меч, бодовите за Реал Мадрид! (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот