Ла Лига: „Кралевите“ само до бод, два гола и црвен картон за Бејл (ВИДЕО)

twitter.com/realmadriden

Домаќините први беа во позитива уште од 12 минута со погодокот на Г. Морено, а непосредно пред паузата израмни Бејл. Во 74 минута повторно Виљареал беше во минималец со голот на Гомез, но повторно на сцена стапи велшкиот интернационалец Бејл во 86 минута после асистенцијата на Модриќ.

За Герет Бејл заврши и несреќно овој дуел, бидејќи во судиското надополнување (90+4) поради груб прекршок доби и втор жолт картон, па мораше предвреме да го напушти теренот.

Мајорка го претрпе и вториот пораз овојпат на „Местаља“ кај Валенсија со 2:0. За домаќините двапати од пенал реализираше Парехо, а во тимот на В. Морено од 64 минута настапи македонскиот репрезентативец Александар Трајковски како замена за Фебас, но не успеа да се запише во листата на стрелците.

На останатите две средби Атлетико Мадрид дома со 3:2 славеше против Еибар, а Гранада беше убедлива на гостувањето кај Еспањол (0:3).

На табелата после три кола на врвот со девет максимални бодови е Атлетико Мадрид, по седум имаат Севиља и Атлетик Билбао, а на четвртата позиција е Леванте на нашиот Енис Барди со шест. Во наредното коло Леванте гостува на „Сантјаго Бернабеу“ против Реал Мадрид на 14 септември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот