Ла Лига: Гранада му „дише во врат“ на Реал! (ВИДЕО)

twitter.com/GranadaCdeF

Вечерва се одигра првиот натпревар од деветтото коло во „Ла Лига“, екипата Гранада на домашен терен со минимален резултат 1:0 ја совлада Осасуна.

После петтата првенствена победа во фудбалерите на тренерот Мартинез повторно се на второто место на табелата со 17 бодови, само еден помалку зад лидерот Реал Мадрид.

Напомена дека „кралевите“ треба да го одиграат својот меч в сабота кај Мајорка на македонскиот репрезентативец Александар Трајковски.

Покрај стандардното трио кое секогаш е во трка за највисок пласман (Реал, Барса, Атлетико), во досегашниот дел од сезоната, Гранада е најголемото изненадување во шампионатот која во следното коло повторно ќе игра на домашен терен против Бетис.

Стрелец на единствениот гол беше португалскиот интернационалец Дуарте во 38 минута кој после изведениот слободен удар од страна на Вадиљо беше највисок и со глава ја смести топката во мрежата на Рубен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот