„Ла Лига“ го регистрираше Меси – Аргентинецот сепак останува во Барселона?!

Французинот се враќа во редовите на Атлетико Мадрид/Фото: EPA-EFE/Toni Albir

И натаму нема никакви најави за продолжување на соработката со каталонскиот клуб, но шпанската „Ла Лига“ го регистрираше Лионел Меси за наредната натпреварувачка сезона 2021/22.

Тоа би требало да значи дека аргентинската ѕвезда се очекува и следната година да го носи дресот на Барселона.

Останува да се види дали по завршувањето на „Копа Америка“ викендов во чие финале играат Аргентина и Бразил, Меси веднаш да се врати во Шпанија и го потпише новиот договор, барем како што планира првиот човек на клубот, Жоан Лапорта.

Тоа би требало да се случи доколку таткото на прославениот фудбалер, Хорхе Меси ги дефинира условите со Лапорта.

Минатата сезона Аргентинецот во најсилното шпанско првенство од 35 настапи запиша 30 голови.

На Гризман му е отворена вратата да си замине од Барселона

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот