ЛА ЛИГА: Еврогол на Модриќ, конечно „проработи“ и Азар! (ВИДЕО)

twitter.com/realmadriden

Како лидери ја пречекаа Гранада, која приреди сензација во првите седум кола од шпанскиот фудбалски шампионат, па се најде на самиот врв, но во овој момент е послаба од мадридскиот гигант.

Започна средбата со погодокот на Карим Бензема во втората минута после асистенцијата на Бејл, а во самиот финиш пред паузата „камен од срце“ му падна на Еден Азар кој конечно го постигна првиот гол во дресот на Реал.

Во 61 минута прекрасен еврогол на Лука Модриќ, иако Гранада успеа во 69 минута од пенал, со голот на Макис, барем да го ублажи денешниот пораз.

За момент повторно загрижени лица на „Бернабеу“, бидејќи Дуарте во 78 минута погодува за 3:2, но повторно радоста се врати во „кралските“ редови, откако во самиот финиш трите бода ги потврди Родригез.

Реал сега има 18 бодови, четири повеќе од Гранада, која има 14, колку и Атлетико со еден натпревар помалку, а на делба на четвртата позиција исто така со меч помалку се Барса, Реал Сосиедад и Севиља со по 13 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот