Ла Лига: Димитриевски на стартот против Барса, првото „Ел Класико“ е на Бернабеу

столе димитриевски
Столе Димитриевски, голманот на Рајо Ваљекано/Фото: EPA-EFE/Kiko Huesca

За нешто повеќе од еден месец ќе започне новата натпреварувачка сезона 2022/23 во најсилното шпанско првенство, а титулата ќе ја брани Реал Мадрид.

Новата сезона ќе стартува на 13/14 август, „кралевите“ во првото коло ќе играат на гостински терен против Алмерија.

Барселона која исто така е една од фаворитите за трофејот во „Ла Лига“, дома на „Камп Ноу“ ќе го пречека Рајо Ваљекано на македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски.

Првото „Ел Класико“ ќе биде на 16 октомври 2022 год. кога Реал на својот „Сантјаго Бернабеу“ ќе ја пречека Барса во рамките од деветтото коло, а возвратната пресметка е на 19 март 2023 год. на „Камп Ноу“.

Сезона 2022/23
Ла Лига

1. коло, двојки (13/14 август) –

Атлетик Билбао – Мајорка
Барселона – Рајо Ваљекано
Реал Бетис – Елче
Селта Виго – Еспањол
Кадиз – Реал Сосиедад
Осасуна – Севиља
Алмерија – Реал Мадрид
Хетафе – Атлетико Мадрид
Реал Ваљадолид – Виљареал
Валенсија – Жирона

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот