„Ла Лига“: Бензема во последните секунди го спаси Реал! (ВИДЕО)

фото: твитер

Реал Мадрид не ја прекина добрата серија од 10 натпревари без пораз, откако денеска во рамките од 17. коло во шпанската „Ла Лига“ стигна до бод буквално во последните моменти од мечот.

Немаше погодоци во првото полувреме, домаќините беа нешто подобри во второто, но на крајот не успеаја да слават, конечниот резултат беше 1:1.

Во 78. минута од средбата на стадионот „Местаља“ радост на трибините. После една полуконтра, Вас беше на десната страна во нападот, упати еден остар центаршут по земја на седум-осум метри од голот на Куртоа, топката ја дочека Солер кој стрелаше за 1:0.

Тимот на Зидан успеа да дојде до бод (90+5), корнер беше изведен, во казнетиот простор се најде и голманот Куртоа кој изненадувачки највисоко скокна, дури и малку недостасуваше да се запише во листата на стрелците. Неговиот удар со глава го одбрани Доменех, одбиената топка дојде до Бензема кој силно шутираше за радост кај неговите соиграчи.

На тој начин Реал не успеа да стегне позитива во генералниот пласман, вчера и Барселона ремизираше, па така каталонскиот гигант останува на врвот со 35 бодови (гол разлика 43:20), пред мадридскиот клуб (33:12). Токму овие два клуба ќе ги одмерат силите во наредното коло, т.н. „Ел Класико“ кое ќе се игра на „Камп Ноу“ на 18 декември со почеток од 20.00 часот.

Во останатите средби од неделната програма: Хетафе-Ваљадолид 2:0, Селта Виго-Мајорка 2:2 (Трајковски не играше поради повреда кај гостите), Еспањол-Бетис 2:2 и Севиља-Виљареал 1:2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот