„Ла Лига“: Барселона победнички ја заврши 2019 година! (ВИДЕО)

фото: твитер

Убедлив триумф на Каталонците, оваа година ја завршија во позитивна атмосфера со резултат 4:1 дома против Алавес на „Камп Ноу“. Барса против гостите од Баскија ја оправда фаворитската улога и на крајот заслужено победија со погодоци на своите најголеми ѕвезди.

Интересен е податокот што во сите четири погодоци учествуваше Луис Суарез кој запиша дури три асистенции и воедно постигна еден гол. Уругваецот прво асистираше во 14. минута до Антоан Гризман, па во 45. минута до Артуро Видал кој убаво стрелаше во мрежата на Пачеко.

Намали Алавес преку Понс по додавањето на Дуарте, во 69. минута Суарез додаде и до Меси без кој скоро не може да помине гол шоу. Конечниот епилог беше поставен во 75. минута од белата точка од страна на Суарез за конечни 4:1.

Така, Барса остана на врвот со 39 бодови, три повеќе од Реал Мадрид кој својот меч ќе го има в недела дома против Атлетик Билбао.

Саботната програма започна со дуелот меѓу Мајорка и Севиља (0:2), а повторно во составот на домашната екипа поради повреда не беше македонскиот интернационалец Александар Трајковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот