„Ла Лига“: Барди стрелаше во поразот на Леванте! (ВИДЕО)

фото: твитер

Денеска во рамките од 36 коло во најсилното шпанско првенство екипата на Леванте на домашен терен загуби од Атлетик Билбао со резултат 1:2.

Гостите поведоа уште од четвртата минута со погодокот на Гарсија, а истиот играч непосредно пред паузата предноста ја зголеми предноста.

Енис Барди кој одигра 73 минути за домаќините, го реализираше единствениот гол за Леванте во 71 минута после асистенцијата на Мајорал.

За македонскиот репрезентативец ова е вкупно петти гол во „Ла Лига“, претходно стрелаше по еднаш против Бетис, Еспањол, Гранада и Реал Сосиедад.

Леванте го обезбеди опстанокот, но ова е веќе четврти меч по ред во шампионатот без триумф, што е загрижувачки податок за тренерот Лопез. Во последните две кола составот од Валенсија ќе ги одмери силите против Селта Виго (16 јули, гости) и Хетафе (19 јули, дома).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот